Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Инѕаги испрати низа пофалби за Симеоне и Атлетико пред осминафиналето во Милано

Објавено

на

Foto:twitter.com/Inter

Симоне Инѕаги изгради извонредна хемија во Интер и тимот достигна завидно натпреварувачко ниво во текот на оваа сезона, која изгледа уште подобра од онаа импресивната во која стигна до финалето во Лигата на шампионите.

Тимот на Инѕаги има голема предност во Серија А и важи за апсолутен фаворит за титулата, но амбициите се големи и во Европа, каде во осминафиналето веднаш ќе има голем предизвик.

Атлетико Мадрид на Чоло Симеоне е противник кој многумина сакаат да го избегнат, а свесен за тоа е и тренерот на Интер кој не штедеше пофалби за утрешниот ривал.

– Ќе ми биде чест што повторно ќе се сретнам со Симеоне, овојпат како противник. Тој ми беше извонреден соиграч, победувавме заедно во Лацио, а потоа отиде во Атлетико. Сепак, никогаш не го загубив контактот со него. Беше јасно дека ќе стане врвен тренер, погледнете што направи во Атлетико во изминативе 13 години.

– Тој освои многу работи со Атлетико, а неговиот тим сега игра и убав фудбал. Уживање е да се гледа неговиот Атлетико оваа сезона. Утре ќе се сретнеме со ривал кој има голем квалитет, Атлетико има потребна ширина во тимот и мораме да бидеме вистинските за да се надигруваме со нив, – изјави Инѕаги.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни