Италија
Инѕаги: Интер совлада важна алатка во модерниот фудбал (Видео)
Интер ја продолжи победничката низа во Серија А и денеска славеше на гостувањето на Сардинија, натпревар на кој гостите од Милано профитираа од добрата поставеност во шеснаесетникот при прекините.
Италијанскиот првак направи главна разлика со три изведени корнери, бидејќи Бастони и Лаутаро погодија по нецелосно расчистени ситуации од домаќините, додека и пеналот кој потоа го реализираше Чалханоглу беше изнуден после корнер изведен од десната страна.
Интер максимално профитираше од дуел играта и тоа си замина дома со три гола и три освоени бода, по што Симоне Инѕаги посочи дека стратешката поставеност при прекините станува се посериозна алатка во модерниот фудбал.
– Моите играчи се навистина дисциплинирани и работат навистина напорно за да ги разработат овие фудбалски рутини за добра поставенот при прекини.
– Мојот стручен штаб работи на тоа на тренинзите, а имаме и специјалисти за прекини како Димарко, Чалханоглу и Аслани. Мора да се признае дека тоа станува се позначаен фактор во модерниот фудбал. Со добра организација, може навистина многу да профитирате од такви ситуации, – потенцира Инѕаги.
-
Светски првенства16 часа
ИХФ треба да измисли фер-плеј награда за Де Варгас: Шпанскиот голман воодушеви со својот потег на СП (Видео)
-
АТП9 часа
Ѓоковиќ освои луд поен на сет топка и предизвика лудница во Мелбурн (Видео)
-
Англија16 часа
Карагер шокиран: Аморим направи една од најбизарните работи во историјата на фудбалот
-
АТП14 часа
Зверев за блокбастер дуелот Ѓоковиќ-Алкарас: Досаден меч (Видео)
-
Германија13 часа
Реал Мадрид дефинитивно се повлекол од преговорите со ѕвезда на Баерн
-
АТП9 часа
Ѓоковиќ имаше негатива, па го преслуша Алкарас за полуфинале во Мелбурн
-
Репрезентација5 часа
Лазаров: Момците покажаа дека знаат како се игра и против „досаден“ ривал
-
Шпанија14 часа
Флик за ангажирањето на ветеранот: Еден од најдобрите потези кои сме ги направиле