Поврзете се со нас

Италија

Инѕаги: Имавме одлична полусезона, но тимот е амбициозен

Објавено

на

Foto:twitter.com/Inter

Интер имаше одлични настапи во првиот дел од оваа сезона во италијанската Серија А, полусезона која ја заврши на првата позиција со 48 бода или два повеќе во однос на најблискиот ривал Јувентус.

Втората половина „нероаѕурите“ ќе ја отворат вечерва со гостувањето кај Монца, а желбата, целта на тренерот Симоне Инѕаги е тимот да продолжи со квалитетните изданија и добрите резултати.

-Имавме одлична прва полусезона, но тимот е амбициозен. Знаеме дека нема да биде лесно, но сакаме да имаме и одлична втора полусезона. Тимот работеше многу добро на сите 19 натпревари и веруваше до крајот. Одбраната функционира добро во целина. Сменивме некои работи поради повреди, но принципите не беа променети, -порача Симоне.

Ова за Интер ќе биде последен меч пред настапот на Супер Купот каде за ривал во полуфиналето го има Лацио.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни