Италија
Инѕаги доби уште една лоша вест од дербито со Милан (Фото)
Интер загуби од Милан во големото градски дерби и ја потврди променливата форма на стартот на сезоната, а уште полоша вест за Симоне Инѕаги пристигна ова попладне од медицинскиот тим на клубот.
По направените лекарски прегледи, било утврдено дека Николо Барела сепак има повреда на бутниот мускул, поради што клучниот играч за врска сега ќе мора да направи принудна пауза.
Иако не се работи за посериозна повреда, згуснатиот фудбалски распоред му прави проблеми на тренерот Инѕаги, па сега тој ќе остане без својот диригент во средниот ред на следните три меча.
Интер во своето соопштение ја потврди повредата и додаде дека следната недела ќе му бидат направени нови тестови на Николо, по што ќе се знае и точниот термин за враќање на терените.
Првите проценки се дека Николо ќе паузира три недели, што значи дека нема да игра против Удинезе, Црвена Звезда и Торино, а враќање би требало да има по репрезентативниот циклус во месец октомври.
Le condizioni di Nicolò Barella
— Inter ⭐⭐ (@Inter) September 24, 2024
-
Италија21 час
Канаваро потсети на каков бизарен начин дознал дека ќе ја освои „Златната топка“
-
Англија19 часа
Ди Канио: Директорите на Јунајтед треба да бидат уапсени зошто продадоа таков играч!
-
Шпанија23 часа
Шустер за лошата игра на Реал: Проблемот не е само во Мбапе
-
Англија16 часа
Сити добива нов директор: Поранешен португалски репрезентативец ќе го убедува Гвардиола да остане на „Итихад“
-
Свет23 часа
Халанд постави рекорд, па во свој стил ги шокирал соиграчите: Дознавме за убавата вест преку Инстаграм (Фото)
-
Шпанија21 час
Араухо: Во клубот се изненадени од рехабилитацијата на тешката повреда
-
Свет16 часа
Маскерано: Ако Меси беше дефанзивец…
-
АТП17 часа
Ѓоковиќ и Федерер имаа блиска средба во Шангај: Кај си стари? (ВИДЕО)