Поврзете се со нас

Италија

Инѕаги доби отказ, Салернитана го објави името на новиот тренер

Објавено

на

foto:twitter.com/FabrizioRomano

Италијанската фудбалска легенда, Симоне Инѕаги заработи отказ на кормилото на калчолигашот Салернитана.

По поразот од Емполи од 3-1, управата на клубот од Салерно одлучи да реагира и да му се заблагодари на Инѕаги за услугите на тренерската позиција. Популарниот Пипо во октомври седна на жешкото столче и тоа како наследник на Пауло Соуза, ама и тој не успеа да донесе подобри резултати и доказ за тоа се само трите остварени победи во сите конкуренции (две во првенството и една во Купот).

Веќе е познат и неговиот наследник, тој е поранешниот играч на Лацио, Фиорентина и Палермо и некогашен тренер на Џенова, Парма, Лече и Калјари, 47-годишниот Фабио Ливерани.

Со 13 бода Салернитана се наоѓа на последното место на табелата во Серија А.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни