Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Инѕаги: Беше лесно да заменам пет играчи на полувреме, но…

Објавено

на

Foto:twitter.com/Inter

Екипата на Интер одигра две сосема различни полувремиња во соочувањето со Бенфика, но и тоа беше доволно да остане непоразена во Лисабон и да остане во игра за првата позиција во Д групата во елитното натпреварување.

Калчолигашот губеше со дури 3-0 во првиот дел по хет-трикот кој го постигне Жоао Марио, меѓутоа европскиот вицешампион покажа карактер и по паузата максимално се врати во игра со погодоците на Арнаутовиќ, Фратези и Санчез, а преку Барела имаше и шанса да победи ама неговиот удар заврши во рамката од голот на Трубин.

-Ние всушност бевме многу блиску до победа со ударот на Барела во стативата. Ќе ги земам позитивите од натпреварот што значи нашата реакција во второто полувреме. Сите требаше да направиме повеќе во првото полувреме, вклучително и јас, бидејќи имавме навистина слаб пристап, -рече тренерот Симоне Инѕаги.

-Имам 20 првотимци и можам да сметам на сите. Ќе беше лесно да се сменат четири или пет на паузата, но вината беше во целиот тим, а не кај некој поединец. Излеговме таму со поинаков дух, правејќи и неколку тактички корекции. Со напорите на Барела, можевме да добиеме натпревар за паметење, -додаде Инѕаги.

Во последното коло Интер го дочекува Реал Сосиедад и со победа ќе го освои првото место во оваа конкуренција.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни