Поврзете се со нас

Италија

Инѕаги: Ако Лукаку ги искористеше тие шанси…(ВИДЕО)

Објавено

на

Интер уште еднаш непријатно ги изненади своите навивачи и загуби од Фиорентина со 1-0 на „Џузепе Меаца“.

Ова за поранешниот италијанскиот шампион беше трет пораз во низа во Серија А, втор на домашен терен без притоа да постигне гол во мрежата на противникот.

-Постои големо разочарување, загубивме два натпревари во низа на домашен терен. Треба да работиме повеќе, почнувајќи од мене. Фиорентина е квалитетен состав, момците напраија сè што можеа. Мора да бидеме порешителни, затоа што имавме толку многу шанси да дадеме гол и треба да ги искористиме.Не можам да побарам повеќе во однос на вложениот труд, бидејќи момците правеа сè што барав од нив, -истакна тренерот Симоне Инѕаги кој потоа говореше за нереализираните шанси на Ромелу Лукаку.

-Ако ги искористеше овие две шанси, перформансите на Лукаку ќе бидат оценети на многу поинаков начин. Неговата улога е да создаде можности, да ги направи движењата што му се потребни на тимот. Тој не беше единствениот што имаше шанси денес, така што не би се фокусирал само на Ромелу, -порача Инѕаги/

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни