Поврзете се со нас

НБА

Индијана во Торонто го пронајде новиот тренер

Објавено

на

Тимот на Индијана Пејсерс го пронајде наследникот на Нејт Мекмилан кој беше отпуштен по поразот од Мајами Хит во првата рунда на плејофот во НБА лигата.

Се споменуваа многу познати и звучни имиња, но на крајот составот од Индијанаполис се одлучи да го ангажира досегашниот асистент на Ник Нурс во редовите на Торонто Репторс, Нејт Биоркгрен. Се работи за 45-годишен стратег кој досега освен во Торонто има работено како асистент и во Феникс Санс што значи ова за него ќе биде најголем предизвик во кариерата.

-Чест ми е што ја преземав улогата на главен тренер на Индијана Пејсерс. Со нетрпение очекувам да работам со овој одличен тим за да ја постигнеме нашата цел како НБА шампиони, -рече Биоркгрен.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни