Поврзете се со нас

Италија

Инаки ја шокираше Севилја во финишот, Торино ја испрати Парма во Серија Б (Видео)

Објавено

на

Атлетик Билбао искористи контра во самата завршница за да го шокира фаворитот Севилја (0:1) на гостински терен, додека Торино освои важни бодови (1:0) и ја испрати Парма во Серија Б.

Последните натпревари од викенд колата во Шпанија и Италија донесоа по само еден погодок, а во Ла Лига на победата и се радуваа гостите.

Севилја не искористи неколку добри шанси да остане сериозен кандидат во битката за титулата, а казната стигна во 90. минута, кога Инаки Вилијамс ја претвори контрата на гостите во гол за победа.

Севилја остана на 70 бодови или шест помалку од лидерот Атлетико Мадрид.

Торино победи на посебно важната пресметка со Парма, а единствениот гол го постигна Мергим Војвода, за кого ова беше и прв погодок во Серија А.

Репрезентативецот на Косово реализираше во 63. минута, а триумфот од 1:0 на Торино, значи дека Парма од вечерва и официјално е во Серија Б, додека денешниот победник ќе се бори да го избегне последното место кое води во понизок ранг.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни