Поврзете се со нас

Македонија

In Memoriam: Збогување со легендата на Вардар – Мирко Илиевски

Објавено

на

Мирко Илиевски почина на 83-годишна возраст, а меѓу фудбалските фанови во Македонија ќе биде запаметен како еден од најдобрите фудбалери на својата генерација и голема легенда на Вардар.

Илиевски настапувал за Вардар меѓу 1954 и 1964 година, при што одиграл 325 натпревари и постигнал 89 голови во рамките на тогашните југословенски првенства.

Она по што навивачите го паметат најмногу е незаборавниот настап во финалето на југословенскиот куп, во кое Вардар го победи Вартекс во 1961 година.

Илиевски бил асистент на првиот и стрелец на вториот гол во победата од 2:1, а Вардар го освои првиот важен трофеј на југословенска сцена.

Благодарение на овој успех, Илиевски и неговите соиграчи дебитираа и на европска сцена, па излегоа на мегдан со шкотски Данфермлајн во Купот на победниците на куповите.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни