Поврзете се со нас

Шах

IN MEMORIAM: Почина шаховскиот шампион Ристо Кизов (1944 – 2022)

Објавено

на

Поранешниот шаховски првак на Македонија, Ристо Кизов, почина на 78-годишна возраст во Скопје, по претходно долго боледување и нарушеното здравје.

Тој е победник на републичкиот шампионат на Македонија за 1973 година, кој се организирал со формат на отворено првенство, а на кое настапиле 74 играчи. Кизов се издвоил сам на врвот со 9 поени од 11 кола.

Неговата животна приказна е потресно сведоштво за потрагата по човечки и спортски фер плеј. Кизов е роден на 12 декември 1944 година, во село Нерет, во околината на Лерин. Во виорот на граѓанската војна во Грција, како дете од фамилија на етнички Македонци, бил принуден да го напушти својот дом. Заедно со друга голема група на бегалци ги поминал пограничните планински појаси и пребегал во тогашната Република Македонија, која била дел од југословенската федерација. Завршил основното и средно образование сместен во детски дом во Прилеп.

Од  1957 до 1982 година е дел од шаховската сцена во Македонија, кога древната игра била прифатена од сите и уживала голема популарност. Од шаховскиот клуб во Прилеп, преку младинските и сениорските републички и сојузни првенства, Ристо Кизов се издигнал до незаборав: илјадници победи, трофеи на поединечен и екипен план, создавање историја во дописниот шах и етаблирање како идол на младите шахисти!

Во текот на ноември и декември 2021 година, Ристо Кизов даде интервју за „Дерби“ во рамки на серијата написи за поранешните шаховски шампиони на Македонија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни