Импресивно и ледено студено: Рамос и Васкез покажаа како се опоравуваат од првата победа во Русија (Видео)

ramos-iran

Шпанија многу потешко од очекувањата стигна до планираните три бода против селекцијата на Иран, но сепак успеа да ја оствари првата победа на мундијалот со која си го отвори патот за пласман во осминафиналето.

Среќниот гол на Диего Коста се покажа како доволен за остварување на драгоцен триумф, а денеска дел од играчите на Шпанија ни покажаа како се опоравуваат по жестокиот напор кој го имаа на вчерашниот меч. Двоецот на Реал Мадрид, Рамос и Васкез ни долови како минува една таканаречена криотерапија, метод кој го користат фудбалерите за побрзо да ги опорават мускулите од големите напори.

Васкез и Рамос влегоа во просторија во која температурата достигнува -100 степени целзиусови, а при излегувањето од истата, самите фудбалери говорат за имресивоноста на овој метод.

Facebook Коментари