Поврзете се со нас

Мото ГП

Импресивниот Бањаја стигна до втора победа Мото ГП победа во седум дена

Објавено

на

Франческо Бањаја немаше победа во Мото ГП шампионатот во цела своја кариера до 24-годишна возраст, но сега во вториот викенд во низа, стигна до втората голема победа во „кралската класа“.

Откако минатата седмица го доби бруталниот дуел со Марк Маркез на шпанската патека Арагон, возачот на Дукати денеска беше одново најдобар на патеката, победувајќи го актуелниот лидер во генералниот пласман.

Популарниот Пеко како Италијанец ја израдува публиката на трката за Големата награда на Сан Марино, потврдувајќи ја доминацијата со извозениот рекорден круг на вчерашните саботни квалификации.

Бањаја беше подобар во дуелот со Фабио Квартараро и стигна до втора Мото ГП победа во период од седум дена, што е само потврда дека доживува ѕвездени моменти и се пронајде себеси по кризата која ја имаше на средишницата од шампионатот.

Енеа Бастијанини го комплетираше подиумот и заврши трет, додека Марк Маркез го мина Милер во последниот круг и заврши како четврти. Во првите 10 уште се најдоа Жоан Мир, Пол и Алеиш Еспаргаро, Биндер и Накагами. Домашниот миленик Валентино Роси заврши 17-ти.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни