Поврзете се со нас

НБА

Импресивна одбрана и убиствен напад: Двата потези со кои Дончиќ донесе победа за Далас (Видео)

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/dallasmavs

Далас ја почна со брејк финалната серија на Западот и поведе со 1:0 против Минесота, а најзаслужен за тоа беше словенечкиот кошаркарски мајстор, Лука Дончиќ.

Првата ѕвезда на Далас често знае да добива критики поради својата неактивност и индолентност во одбрана, но рано утрово ги затна устите со импресивната дефанзива во клучните моменти.

Дончиќ имаше фантастичен дефанзивен скок и го спречи Гобер да донесе израмнување на семафорот, а потоа ја зема топката во свои раце и беше убиствен во напаѓачки контекст.

Овие два потези на Словенецот го одлучија победникот на првиот натпревар, па така Далас почна со предност и може да игра уште поопуштено на вториот меч.

Дончиќ беше играч на мечот со 33 поени, 6 скокови и 8 асистенции, а импресивен беше и Кајри Ирвинг кој доминиарше во првиот дел од мечот со 30 поени.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни