Поврзете се со нас

Европски првенства

Импресионираниот Виери прогнозираше до каде ќе стигне Италија на ЕП

Објавено

на

Италијанската фудаблска репрезентација ја оствари и третата победа на Европското првенство, откако успеа да го победи Велс со минимални 1:0 на натпреварот кој се одигра на „Олимпико“ во Рим.

Иако јавноста на Апенините немаше огромни очекувања пред почетокот на турнирот, првите три натпревари направија „аѕурите“ да се издвојат како селекција која нуди најатрактивен и најдопадлив фудбал, па без оглед на критиките кои пристигнуваат од Островот, италијанските легенди се убедени дека овој тим на Манчини може да стигне далеку.

Неповторливиот Бобо Виери е импресиониран од воиграноста на тимот кој го предводи Манчини, па според него, сега Италија е главен фаворит за пласман во финалето на Европското првенство.

– Мене посебно ме радува тоа што конечно гледаме фанови на трибините, публиката е клучна кога играте фудбал. Најважно е што националниот тим игра добро, неверојатно сме среќни и задоволни од овој тим. Италија игра прекрасен фудбал.

– Веќе извесно време верував во овој тим, но сега велам дека ќе стигнеме до финалето. Ако ги погледнете натпреварите, ќе видите дека ние играме најубав фудбал, подобар од било која репрезентација на турнирот досега, – вели Виери за „Раи“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни