Императорот Терим збесна и го избрка светскиот шампион од Галатасарај: Јас сум играч од 30 милиони евра!

terim-lut

Галатасарај доживеа тежок и болен пораз од ПСЖ во последната рунда од групната фаза во Лигата на шампионите и само се потврди дека турскиот клуб во овој момент е далеку од европската елита, резултат кој сепак донесе и интерен потрес во првиот тим, и тоа на последниот тренинг на турскиот великан.

Имено, тренерот Фатих Терим кој е познат по максималната дисциплина која ја бара од фудбалерите збеснал од однесувањето на една од најголемите ѕвезди на тимот, Французинот Стивен Нзонзи. Играчот кој беше светски шампион со Франција изминатово лето пристигна во Галатасарај како позајмен фудбалер од Рома, но по се изгледа, може уште во јануари да биде вратен во италијанската престолнина.

Императорот Терим збеснал на последниот тренинг, па како што открива угледниот „Хуријет“, го избркал Нзонзи од теренот откако овој му возвраќал на забелешките и завршил со зборовите „јас сум играч од 30 милиони евра“. Искусниот стручњак не можел да го прифати ваквото однесување на фудбалерот, па покрај тоа што го избркал од тренингот, клубот експресно презема и првична мерка и откри дека е отстранет од тимот на неодредено време.

– Галатасарај го отсстрани од првиот тим Стивен Нзонзи на неодредено време, сето тоа како последица на неговото однесување и прикажана недисциплина за време на последниот тренинг, – стои во појаснувањето на Галатасарај, по кое многу веројатно е дека Нзонзи ќе си ги спакува куферите.

Facebook Коментари