Имобиле се посрамоти од белата точка, Хисај и Леива „поцрвенеа“ (Видео)

ciro-penal

Наполи и Лацио во овие моменти го играат првото четвртфинале во италијанскиот Куп, а тоа што го видовме во првите 45 минути беше навистина содржајно и доста необично.

Домаќините имаат водство од 1:0 по првиот дел благодарение на голот на Инсиње во втората минута, но и благодарение на несекојдневната утка која ја имаше најдобриот стрелец во Серија А од пенал. Чиро Имобил се сопна при изведувањето и се посрамоти од белата точка, а во продолжение за возбуда на теренот се погрижија и Хисај и Леива.

Бекот на Наполи доби црвен картон поради два жолти картони во 19-та минута, но само шест минути подоцна во соблекувалната му се придружи и Лукас Леива. Играчот за врска доби жолт картон поради старт, а само неколку секунди подоцна и втор поради приговор до главниот судија Маса.

Facebook Коментари