Имобиле полуде при прославата и го турна Инѕаги, Симоне му возврати во голем стил (Видео)

imobile-simone

Лацио и Ред Бул Салцбург одиграа исклучително атрактивен меч во четвртфиналето во Лига Европа, а во ситуација кога главно оружје и на двата тима беше нападот и офанзивната игра, подобро се снајдоа домаќините од Рим кои постигнаа четири наспроти двата гола на гостите.

Тимот од италијанската престолнина си обезбеди предност во пресрет на реваншот во Австрија, а посебно интересни беа шесте минути од 71-та до 76-та минута. Салцбург израмни на 2:2 со голот на Минамино, во 74-та погоди Андерсон за 3:2, а еуфорија на трибините следеше две минути подоцна кога Чиро Имобиле со својот прв гол на мечот зголеми на 4:2 што на крајот се покажа како конечен резултат.

Токму голот на италијанскит репрезентативен напаѓач донесе посебна страст, а тоа најдобро ни го отсликува неговата луда реакција. Имобиле преемотивно го доживеа голот и оттрча до клупата да го прослави, а таму го турна Инѕаги кој му возврати во голем стил и феноменалната прослава ја завршија со емотивна прегратка.

Фудбалска пасија која не се купува со пари….

Facebook Коментари