Италија
Имобиле искрен: Се прашувам дали постапив добро што останав во Лацио!

Чиро Имобиле има најслаб старт на една натпреварувачка сезона со Лацио, па иако со години е најдобар голгетер меѓу „небесно сините“, фудбалот уште еднаш не потсетува дека добрите работи брзо се забораваат.
Италијанскиот репрезентативец веќе беше предмет на први критики и дури доби и свирежи од дел од навивачите на Лацио, а самиот Имобиле сега признава дека тоа многу тешко го поднел.
Во интервјуто за „Ил Месаџеро“, Чиро открива дека сега си го поставува прашањето кое воопшто не го замислувал во месец јули, односно кога доби неколку примамливи понуди од Саудиска Арабија за да му се придружи на Сергеј Милинковиќ Савиќ во новата авантура.
– Се работи за мал дел од навивачите на Лацио кои испратија свирежи до мене, а не знам дали и можат да се наречат фанови кога ме свират мене. Мислам дека вистински фан на Лацио нема да ме третира така. Само прашање на време е кога повторно ќе бидам оној истиот, ќе ги демантирам и најскептичните фанови.
– Ги разгледував опциите од Саудиска Арабија кои ги имав минатото лето, но решив брзо да ги одбијам. Тоа го направив за да останам во Лацио, да играм во Лигата на шампионите и за италијанскиот тим. После овој старт на сезоната, вистина е дека си поставувам одредени прашања, особено после критиките кои ги добивам. Ме боли тоа што се споменуваат и парите, сега моите мисли не се исти како во јули. Понекогаш се прашувам дали направив добро што останав во Лацио, се прашувам дали ќе беше подобро ако си заминев, – признава Имобиле.
-
Англијапред 10 часа
Матиќ ги обелодени двете ѕвезди на Јунајтед кои редовно доцнеле на тренинзите: Останатите бевме бесни
-
Англијапред 12 часа
Ширер: Јунајтед има голем проблем во соблекувалната, четворица играчи се откажаа од борба
-
Светпред 11 часа
Родригез ги одбил Сити и ПСЖ: Флорентино ми постави едно прашање пред да потпишам за Реал
-
Англијапред 11 часа
Артета му одговори на Пеп со иста мера и ги насмеа новинарите (Видео)
-
Англијапред 13 часа
ФА покрена истрага против Сити за завршницата од дербито, шампионот мора да даде одговор до четврток
-
Италијапред 22 часа
Поранешен италијански судија го закачи Мурињо: Голем тренер не ги прави овие работи, ова мора веднаш да престане
-
Германијапред 23 часа
Хаман за ѕвездата на Баерн: Тухел не го сака во екипата, нивните патишта се разминуваат
-
АТПпред 23 часа
Надал откри што најмногу го загрижува: Ова за мене е непозната територија…