Поврзете се со нас

Свет

Имобиле го „стресе“ Галатасарај после 22 секунди игра во дебито за Бешкиташ (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/Besiktas

Чиро Имобиле самиот реши да стави крај на својата незаборавна етапа во Лацио, средина од која си замина како најдобар голгетер во историјата на римскиот клуб.

Италијанскиот ветеран се одлучи за ново интернационално искуство и ја прифати понудата на Бешикташ, па откако имаше припрема на неколку пријателски изминатиов период, денеска го има официјалното деби.

Турскиот Суперкуп носи мега пресметка меѓу лутите ривали Бешикташ и Галатасарај, а резултатот беше отворен по само 22 секунди игра.

Стоперот на Галатасарај направи аматерска грешка и му овоможи на Чиро да се најде во идеална ситуација за гол, нешто што беше експресно казнето од прекалениот голгетер.

Имобиле ја искористи шансата и погоди со својата послаба лева нога, за ерупција на трибините на кои се наоѓаат фановите на Бешикташ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни