Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Имобиле го среди Селтик за три минути, Шахтјор оствари важна победа (Видео)

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/OfficialSSLazio

Чиро Имобиле не беше стартер за Лацио на дуелот со Селтик, но со два гола во финишот донесе важна победа за италијанскиот тим, додека Шахтјор останува во трката за осминафиналето во Лигата на шампионите по триумфот над Антверпен.

Лацио го започна дуелот со шкотскиот ривал без првиот голгетер во тимот, но тренерот Сари го промени тоа на триесетина минути до крајот, по што Имобиле проработе во завршницата.

Италијанскиот репрезентативец постигна голови во 82 и 85. минута и го откажа Селтик од позитивен резултат, а Лацио стигна на чекор до пласман во нокаут фазата во Лигата на шампионите.

Шахтјор имаше многу шанси против Антверпен, но единствениот гол го постигна рано, односно преку Матвиенко во 12. минута од средбата.

Украинскиот тим се израмни со Барселона и Порто кои исто така имаат девет бода и натпревар помалку во меѓусебен дуел планиран за вечерва.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни