Поврзете се со нас

Македонија

Имери нема да ја води Воска Спорт во ПМФЛ

Објавено

на

foto: FB/ F.C Voska Sport

Екипата на Воска Спорт ја освои титулата во Втората македонска лига и на тој начин се избори за место во најсилната домашна фудбалска конкуренција за сезоната 2023/2024.

Овој резултат беше остварен под водство на тренерот Берат Имери, но истиот нема да го води тимот од Охрид во Првата македонска лига. Клубот ја информираше јавноста дека не е најден заеднички јазик со Имери за продолжување на соработката, па двете страни одлучија да се разделат.

Од Воска му посакаа добро здравје и најдобро во кариерата на досегашниот предводник на тимот, а во исто време порачаа дека неговиот наследник ќе биде познат во наредниве денови.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни