Поврзете се со нас

НБА

Имале „таен“ состанок во куќата на „кралот“: Леброн и Дејвис го убедиле Вестбрук да се пресели во Лејкерс

Објавено

на

Екипата на Лос Анџелес Лејкерс како што стојат работите во наредната сезона ќе има страшно трио кое ќе го сочинуваат Леброн Џејмс, Ентони Дејвис и Расел Вестбрук.

Вестбрук ќе им се приклучи на „кралот“ и „веѓата“ во Лос Анџелес и тоа откако „езерџиите“ постигнаа договорот со Вашингтон Визардс, размена во која беа вклучени уште неколку играчи и пикови на драфтот. Допрва треба да се официјализира оваа зделка, но Рас веќе се збогуваше со Вашингтон што значи дека се е чиста формалност.

Во меѓувреме американските медиуми додадоа нов момент околу преминот на Вестбрук во Лејкерс притоа посочувајќи дека Џејмс и Дејвис имале голема улога во реализацијата на истата. Имено пред две недели оваа тројка имале состанок во куќата на Леброн каде било разговарано на повеќе теми и како може да се заврши работата, но и како тие би функционирале на теренот.

Плејмејкерот изразил подготвеност да се врати дома и конечно да освои прстен. Џејмс и Дејвис порачале дека дури се подготвени да ги променат позициите, првиот да игра како четворка, вториот како петка во новата сезона.

На состанокот сите истакнале дека се спремни секој да го тргне егото на страна и дека единствената цел е да се врати титулата во Лос Анџелес.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни