Поврзете се со нас

Англија

Има услов кој мора да биде исполнет: Роналдо може да го напушти Јунајтед по крајот на оваа сезона

Објавено

на

Кристијано Роналдо минатото лето се врати во Манчестер Јунајтед се со цел клубот повторно да се врати на победнички патеки, освојува титули, односно биде на самиот врв како во Англија така и во Европа.

Меѓутоа и покрај неговото присуство Јунајтед има огромни проблеми во оваа сезона особено во Премиер лигата каде во моментов го зазема седмото место на табелата или севкупно гледано има дури 24 бода од лидерот Манчестер Сити.

Ова е секако разочарувачки за „црвените ѓаволи“ кои достан инвестираа во тимот ако се земе во предвид дека пред почетокот на сезоната пристигнаа уште Џејдон Санчо и Рафаел Варан, ама ниту тие не помогнаа да се остварат посакуваните резултати.

Во случај да нема промени на подобро ова ќе значи повторно заминување на Роналдо од „Олд Трафорд“. Оваа информација ја сподели „Сан“ кој пренесе дека услов на Португалецот да остане и во иднина е клубот да се пласира во Топ 4 или подобро кажано Лигата на шампионите.

Кристијано набрзо ќе го прослави 37 роденден, но без разлика на тоа тој сака да игра уште неколку години, ама на највисоко ниво во ЛШ, клуб во кој ќе може да се радува на успеси.

Наводно претставниците на напаѓачот веќе се во комуникација со Ричард Арнолд кој ќе биде нов извршен директор на Јунајтед и сето ова му е пренесено на него.

Јунајтед во моментов има пет бода во однос на четвртопласираниот Вест Хем, ама и одиграно два натпревари помалку.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни