Поврзете се со нас

Англија

Има поставено цел: Руни откри кои клубови сака да ги води во својата кариера

Објавено

на

foto: twitter.com/BCFC

Вејн Руни по завршувањето на играчката кариера остана во фудбалот и тоа како менаџер, позиција на која досега се испроба во Дерби Каунти, Ди-Си Јунајтед од МЛС лигата и Бирмингем Сити.

Последното искуство во клубот од Чемпионшип лигата не беше пријатно и беше отпуштен само по три месеци што секако беше удар за него, меѓутоа легендарниот ас сигурно ќе научи од ова искуство, ќе продолжи да се бори и ќе проба да си го оствари сонот, односно во иднина да ги води клубовите кои за него беа најважни во патувањето како играч Манчестер Јунајтед и Евертон.

-Водење на Манчестер Јунајтед или Евертон е целта, овие големи работни места се таму каде што сакате да стигнете. Ама тоа е процес, морам да ги минам чекорите и да се вратам на вистинскиот пат. Сакам да се вратам на работата за да бидам сигурен дека во следните 10 години ќе бидам во позиција да „стрелам“ на една од големите работи, -порача Руни.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни