Свет
Има нов клуб: Ројс за првпат во кариерата ќе игра надвор од Германија
Марко Ројс се раздели со Борусија Дортмунд по крајот на минатата сезона или поточно по истекот на неговиот договор.
Тој повеќе од една деценија беше дел од „милионерите“ со кои освои неколку Куп трофеи, двапати играше во финалето на Лигата на шампионите, ама не успеа да се израдува на најважниот клупски трофеј во светот на фудбалот.
Офанзивецот како слободен фудбалер можеше да ја избере новата средина, одлука која веќе ја донел, одлука со која за првпат ќе ја напушти својата татковина или поточно ќе игра надвор од Германија. Во кариерата беше дел уште од Ален и Борусија Менхенгладбах, а во иднина ќе настапува за Лос Анџелес Галакси од МЛС лигата.
Постигнат е договор според кој Ројс ќе се обврзе на саработка до декември 2025 година со опција истиот да може да биде продолжен.
Во наредните денови тој ќе отпатува во САД каде треба да ги мине медицинските прегледи и потоа да стави потпис со кој ќе ја започне новата приказна во фудбалското патување.
-
Лига на нациипред 22 часа
Ван Дајк го изигнорира националниот колега од Јунајтед, видеото стана вирално
-
Лига на нациипред 21 час
Мајсторија на напаѓачот: Словенечкиот коментатор „полуде“ по слаломот на Шешко (Видео)
-
Шпанијапред 23 часа
Родриго призна дека знае да се налути: Повремено се чувствувам како да „пополнувам дупки“ во Реал
-
Италијапред 21 час
Мангупскиот гол на Фратези ги воодушеви фудбалските фанови во Италија (Видео)
-
Лига на нациипред 23 часа
Димитриевски не одговори на прозивките од поранешните колеги: Најважно е што ќе направиме утре
-
Лига на нациипред 12 часа
Шок за Артета и фановите на Арсенал: Одегард заработи ужасна повреда и го напушти теренот со плачење (Видео)
-
АТПпред 8 часа
Ферер за допинг аферата на Синер: Се прочитав, тој не е виновен
-
Светпред 11 часа
Интересен предизвик за Холанѓанецот: Депај позираше со дресот на новата екипа (ФОТО)