Поврзете се со нас

Англија

Има нешто во презимето: Братот на Белингам постигна спектакуларен гол на „Ст. Мери“ (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/SunderlandAFC

Саутемптон и Сандерленд некогаш ги одмеруваа силите на „Ст. Мери“ како членови на најсилното фудбалско друштво, но сега двата тима се во Чемпионшип и имаат различни цели до крајот на сезоната.

„Светците“ се обидуваат да бидат блиску до првите две позиции или да се најдат во плејофот за влез во Премиер лигата, а со победи како онаа вчера се чекор поблиску до такво нешто.

Саумтемптон го победи Сандерленд со резултат 4:2 и „црните мачки“ сега имаат двоцифрена негатива од шестото место, но далеку повеќе загрижува формата која вели дека овој тим има шест порази во низа во Втората лига.

Вчера на Сандерленд не му помогна ниту еврологот на Џоб Белингам, помладиот брат на Џуд кој веќе докажа дека поседува слични предиспозиции како оние на далеку попознатата ѕвезда на Реал.

Џоб го постигна шестиот гол од стартот на сезоната, а мајсторијата на 18-годишникот само потврдува дека има нешто посебно во презимето Белингам кога е фудбалот во прашање.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни