Поврзете се со нас

Шпанија

Има ли крај на кошмарот? Суперталентот на Барса оди на четврта операција во период од шест месеци

Објавено

на

Ансу Фати беше еден од најдобрите играчи во тимот на Роналд Куман на стартот на сезоната, а како играч кој покриваше повеќе позиции во нападот, му зададе тежок удар на тренерот откако се повреди во месец ноември.

Уште тогаш беше пренесено дека станува збор за посериозна повреда на менискусот на коленото и беше предвидено дека ќе паузира четири месеци, но за жал, рехабилитацијата на младиот тинејџер до толку се искомпликува, што сега се наоѓа пред нов хируршки зафат.

Осумнаесетгодишниот Ансу Фати ќе подлегне на четврта операција на коленото во период од шест месеци, а во зафатот кој е го извршат Антонио Маестро и Бертранд Сонери Коте, ќе му биде отстранет делот од менискусот кој претходно специјалистите се обидуваа да му го сочуваат.

Првиот метод за зачувување на менискусот беше најдобра опција гледајќи долгорочно на кариерата на младиот фудбалер, кој поради кошмарот кој го остава зад себе во изминатите шест месеци, сега приморан да го извади менискусот и да стави крај на хоророт кој направи да ја пропушти речиси цела сезона.

По најновата операција на внатрешниот менискус која ќе се изврши во четврток, Ансу Фати ќе паузира два месеци, по што би требало без проблеми да ги започне подготовките со првиот тим за наредната натпреварувачка сезона.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни