Поврзете се со нас

Шпанија

Има јасна желба: Чави сака Барселона да ја засили дефанзивната линија со едно име

Објавено

на

foto: https://www.facebook.com/fcbarcelona

Барселона е на добар пат да ја освои титулата во Примера што секако е одличен резултат за клубот и може да се дојде до заклучок дека сезоната е позиитвна ако се земе во предвиде дека беше освоен и пехарот во Супер Купот на Шпанија.

Каталонците веќе кројат планови за засилување во летниот преоден рок, се споемнуваат доста имиња од кои дефинитивно најголемо, најзвучно е она на Лионел Меси. Меѓутоа тренерот Чави Ернандес не сака само освежувања во офанзивата туку сака конечно да ја реши таа проблематична десна бековска позиција на која лидерот нема решение, односно играч кој е класичен бек и може да одговори на задачите.

Таму покриваат Роналд Араухо и Жил Кунде, многу поретко Серхи Роберто, но сите нив Чави ги гледа на други позиции, првите двајца во средината на одбраната, додека третиот како опција за средината на теренот.

Поради тоа стратегот бара од раководството да проба да му ја исполни големата желба-тоа е ангажманот на Хуан Фојт од Вилјареал.

Фојт има договор со „жолтата подморница“ до 2026 година и клубот држа висока цена за него, не сака да го пушти што е проблем за Барселона. Во операцијата Вилјареал не сака да бидат вклучени ниту играчи, односно најчесто е споменувата откупната клаузула која е преку 60 милиони евра, сума која пак е неприфатлива за шпанскиот вицешампион.

И други екипи исто го следат Аргентинецот, па според „Спорт“ не е воопшто лесно за Барса да дојде до потписот на некогашниот член на Тотенхем.

На листата се е други имиња како Павар, Мение, Кансело…но Хуан останува приоритет.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни