Поврзете се со нас

НБА

Им се насмевна среќата на Пистонси после половина век: Детроит ќе бира прв на НБА драфтот

Објавено

на

НБА лотаријата посака првиот пик на овогодинешниот драфт да го бира Детроит, франшиза која ја немаше оваа привилегија повеќе од еден век. По пауза од точнo 51 година, Пистонси ќе имаат опција да го изберат првиот пик на драфтот, што за нив треба да претставува почеток на една подобра ера.

Детроит беше убедливо најслаб тим на Истокот оваа сезона и сезоната ја заврши со само 20 победи и 52 порази, па како најлош тим во својата конкуренција, сега ќе добие шанса да го избере најдоброто според рејтингот на НБА лигата.

Покрај Детроит, први на НБА драфтот ќе бираат уште Хјустон, Кливленд и Торонто, а меѓу првите 10 се најдоа уште Орландо, Оклахома, Голден Стејт , Чикаго и како десетти ќе избира Њу Орлеанс.

Последен пат Детроит прв бираше во 1970 година и го доби Боб Ланиер, а последен пик од првите пет беше Дарко Миличиќ во 2003-та година.

За оваа сезона, најдобар рејтинг од младите кошаркари има Кејд Канингем од Универзитетот Оклахома и тој се очекува да биде прв пик на драфтот кој ќе се одржи на крајот на месец јули.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни