Поврзете се со нас

Шах

ИМ Никола Николовски го освои рапид турнирот на Попова Шапка

Објавено

на

ИМ Никола Николовски го освои четвртиот традиционален шаховски турнир „Визиони М“, што се одржа на Попова Шапка, во организација на шаховскиот клуб Анпасан од Тетово.

На врвот беа тројца играчи со по 7,5 бода, па со употреба на дополнителен критериум („тај брејк“), беа дефинирани конечните позиции со Николовски на прво место, ФМ Андреј Велјановски на второ место и ИМ Паско Љамби на трето место.

Зад нив беше група од шест играчи со по 7 бода, која ја предводеше ИМ Тони Лазов. Настапија 135 играчи од Австрија, Австралија, Албанија, Бугарија, Литванија, Словенија, Косово и Македонија. Се одиграа 9 кола по швајцарски систем, со темпо 10 минути за секој играч плус 5 секунди за потег.

Поради одлуката на Шаховската федерација да ги стартува државите првенства во младинска конкуренција на истиот ден во Струмица, на овој турнир немаше многу претставници од младите надежи.

Комплетната табела може да се најде на следниот линк.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни