Италија
Илјадници фанови го пречекаа Вајналдум на аеродромот во Рим (Видео)

Џорџино Вајналдум и дефинитивно ќе го засили тимот на Рома откако е постигнат конечен договор за негов премин на „Олимпико“.
Рома и ПСЖ се договориле за едногодишна позајмица, а договорот ќе стане перманентен за сума од осум милиони евра доколку Рома се пласира во Лигата на шампионите.
Вајналдум вчера слета на аеродромот во Рим каде буквално беше пречекан како крал и беше поздравен од илјадници навивачи на „волчицата“.
Во текот на денешниот ден Холанѓанецот ќе ги мине лекарските прегледи по што ќе му се стави на располагање на Жозе Мурињо кој инсистирал за овој трансфер.
Досега Рома ги ангажираше Немања Матиќ, Пауло Дибала, Зеки Челик и Миле Свилар, а по Вајналдум клубот ќе се обиде да ги донесе Ерик Баи од Манчестер Јунајтед и Андреа Белоти од Торино.
Ecco #Wijnaldum dopo essere atterrato a Ciampino, accolto calorosamente dai suoi nuovi tifosi 😍
DAJE GINI! 🟡🟠🔴 #AsRoma pic.twitter.com/vMKqDr74Hf— laroma24.it (@LAROMA24) August 4, 2022
-
Англијапред 22 часа
Фудбалер на Кристал Палас добива смртни закани поради црвениот картон на Нуњез
-
Шпанијапред 7 часа
Димитриевски се најде во тимот на колото во најквалитетните лиги во Европа (ФОТО)
-
Формула 1пред 6 часа
Нови ветришта: Уредот кој му донесе шест титули на Хамилтон ќе биде повлечен од Формула 1
-
Англијапред 6 часа
Илон Маск твитна дека го купува Јунајтед, па се повлече: Ова беше…
-
Англијапред 9 часа
Илон Маск твитна дека го купува Манчестер Јунајтед
-
Англијапред 8 часа
Барселона го одредила буџетот за трансферот на Силва
-
Светпред 17 часа
Батистута: Долго време правевме штета, Меси не е Исус Христос!
-
Шпанијапред 18 часа
Барселона се впушти во акција за дефанзивец на Вилјареал, „жолтата подморница“ експресно ги „поздрави“ каталонците