Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Илиќ: Му посакувам на Вардар да ја освои титулата во Македонија

Објавено

на

Екипата на Веспрем не успеа по втор пат да го надигра Вардар, но и ремито од 31-31 беше доволно да обезбеди место меѓу осумте најдобри во Лигата на шампионите.

Унгарскиот гигант одигра квалитетно прво полувреме (18-13), меѓутоа во вториот дел со иста мета возврати нашиот шампион и на крајот нерешениот исход е реален кога е во прашење овој натпревар.

Домашниот стратег Момир Илиќ не беше целосно задоволен од играта на својата екипа, но спортски му честита и го поздрави Вардар за прикажаното и притоа му посака титула во Македонија.

-Вардар одигра добар натпревар, јас можам да бидам задоволен само со првото полувреме и пласманот во четвртфиналето, тоа го сакавме. По првиот меч кој беше добар во Скопје, вториот не беше добар, промашивме многу шнаси, чисти ситуации. Премногу за еден натпревар.

-За жал одигравме реми, но гледаме напед затоа што следат важни натпревари во унгарската лига и во Купот. Му посакувам се најдобро на Дејвис и да ја освои македнската лига, -изјави Илиќ.

Веспрем во четвртфиналето ќе се соочи со Алборг.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни