Поврзете се со нас

АБА лига

Илиевски: Немаме искуство за вакво натпреварување, ќе бидеме подобри во иднина

Објавено

на

Екипата на Пелистер не се прослави во првиот меч во регионалното натпреварување и претрпе тежок пораз од Ловќен во Златибор.

Претставникот на Црна Гора славеше со 108-85, но без разлика на истиот тренерот Марјан Илиевски е убеден дека ова е само лош ден и дека веќе на следните мечеви почнувајќи од дуелот со Сутјеска ќе се прикажат во многу подобро светло во АБА2 лигата

-Прво сакам да му честитам на Ловќен за заслужената победа. Нивното искуство што го имаат од настапите во АБА2 лигата во последните години беше сосема очигледно и тоа се забележа на денешниот натпревар. Ние на хартија имаме искусни кошаркари со доволно меѓународни натпревари, ама сепак ова за клубот е нешто ново. Пред нас е време и можеме да ги поправиме работите, најважен е нашиот пристап кон ова натпреварување, -рече Илиевски и додаде:

-Ако го гледаме она што ни се случи денеска, изгледа како да ни потонале сите бродови.  Можеби е подобро ова што ни се случи на самиот почеток, бидејќи ќе имаме можност да извлечеме поуки од ова што ни се случи, да бидеме подобри од тоа што бевме денес, -заврши стратегот на Пелистер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни