Поврзете се со нас

Македонија

Илиевски и Илијоски се фатија за работа во Работнички (Фото)

Објавено

на

Екипата на Работнички во текот на вчерашниот ден го потврди новиот тренер-тоа е некогашниот играч на овој клуб Милан Илиевски.

Илиевски заедно со уште едно познато име за „романтичарите“ Баже Илијоски се решија да го прифатат предизвикот и да му помогнат на тимот кој има лош старт на сезоната и е на 9. место во Првата македонска лига.

Познати имиња на клупата на „романтичарите“: Илиевски и Илијоски ќе го водат Работнички

Двоецот Илиевски и Илијоски денеска официјално го преземаа тим, односно го одработија првиот тренинг.

Се очекува овие двајца да донесат нова енергија во Дебар Маало, а првиот тест ќе им биде дуелот против Брегалница во Штип.

foto: http://www.fkrabotnicki.com/

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни