Илиев тренира со првиот тим на Арсенал и чека шанса за натпреварот против Борехам Вуд (Видео)

ilievarsenaltrening

Македонскиот репрезентативен голман, Дени Илиев откако потпиша нов двегодишен договор со Арсенал се јави на првата прозивка на новиот тренер на Арсенал, Унаи Емери.

Илиев тренира со првиот тим и е во очекување на првиот настап за сениорскиот тим во неговата кариера.

Арсенал првиот подогтвителен натпревар го игра против Борехам Вуд, член на петтата лига во Англија. Натпреварот против овој тим полека станува традиција за тимот на Арсенал кој речиси секоја година започнува со пријателски натпревар против тимот кој настапува на стадионот на кој играат младите тимови на Арсенал.

Facebook Коментари