Илиев привремено го напушти Арсенал и дочека промоција во новиот клуб

cofcof

Дејан Илиев неколку години тренираше со првиот тим на Арсенал, но откако стана јасно дека и во новата сезона ќе нема место за него во тимот на Унаи Емери, македонскиот чувар на мрежата одлучи да замине на позајмица со цел да стекне потребна минутажа.

Како што беше најавено, Илиев денеска беше промовиран во словачкиот клуб Серед, а на презентацијата беше информирано дека станува збор за едногодишна позајмица од лондонскиот премиерлигаш кој и натаму ги има сите права над младиот чувар на мрежата.

– Пристигнав во квалитетно првенство и очекувам да напредувам. Во Словачка се игра добар фудбал и тука сум за да му помогнам на клубот, – изјави Илиев.

Facebook Коментари