Поврзете се со нас

Репрезентација

Илиев: Оптимисти сме, играчот кој ќе го замени Барди ќе го даде најдоброто

Објавено

на

Македонската фудбалска репрезентација денеска го стартуваше вториот ден подготвки за двата јунски меча против Хрватска и Чешка, а селекторот Благоја Милевски ќе мора да почека уште еден ден за комплетирање на целиот тим.

Поради клупските обврски кои ги имаат во текот на викендот кој измина, Ѓоко Зајков, Столе Димитриевски, Александар Трајковски и Јани Атанасов ќе се приклучат утре, а Бојан Димовски ќе се приклучи на тренинг кампот во Хрватска поради тоа што на 1-ви јуни игра плејоф за влез во првата руска лига.

И покај отсуствата, македонската репрезентација денеска ќе одржи два тренинзи, а по оној утринскиот своја најава за двата меча направи голманот Дејан Илиев.

– Оптимисти сме, иако се работи за сосема други репрезентации во однос на последните кои ги одигравме. Хрватска е многу квалитетна репрезентација, се подготвуваат за настап на Европското првенство, но наша обврска е да го дадеме најдоброто од себе и да веруваме во позитивен резултат. Треба да бидеме претпазливи, грешки на вакви натпревари можат многу да не чинат, – изјави Илиев, кој проговори и за Енис Барди кој поради повреда нема да може да му помогне на националниот тим.

– Сите знаеме од какво значење е Барди за тимот. Жал ми е што нема да биде со нас, се надевам дека неговата повреда не е сериозна и дека брзо ќе ни се врати. Сите кои сме тука ќе го дадеме максимумот и играчот кој ќе го замени Барди на теренот ќе го даде најдоброто од себе, – заврши македонскиот голман.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни