Поврзете се со нас

Свет

Илиев ќе го чува голот на шесткратен романски шампион

Објавено

на

Дејан Илиев пред само неколку дена се раздели со Сараево, но експресно пронајде нов ангажман и тоа во тим кој е шесткратен шампион на Романија.

Имено македонскиот репрезентативец е нов член на составот на УТА Арад. Тој веќе пристигнал во Словенија и ќе почне да тренира со новите соиграчи.

Ова за 29-годишниот струмичанец е прв предизвик во Романија, поточно оваа земја ја додава во оние во кои досега настапуваше како Англија, Полска, Словачка, Финска и Босна и Херцеговина.

foto:www.facebook.com/uta1945arad/

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни