Поврзете се со нас

Македонија

Илиев е нов играч и помошник на Матлиески во Голден Арт КЛ7

Објавено

на

Еден од најдобрите стрелци во Суперлигата во последните неколку години, Ивица Илиев е нов играч на Голден Арт КЛ7.

Велешанецот Илиев одлично ги познава состојбите во нашиот ракомет и со своето искуство, знаење и квалитет треба да биде пример за младите како на тренинг така и на самите натпревари. Тој воедно ќе ја има улогата на помошник на шефот на стручниот штаб, Никола Матлиески.

-Ентузијазмот на луѓето во клубот, амбициите кои ги има клубот во следните години и политиката на развој на младите играчи и млади тренерски кадри беа доволна причина за мене како искусен играч, да се одлучам да пристапам кон Голден Арт КЛ7.

-Матлиески како тренер и човек исклучително го ценам, со постоечкиот играчки кадар и со тоа  што се планира како надградба очекувам клубот експресно да се врати во суперлигата. Верувам дека ќе пренесам дел од моето искуство на младите играчи во клубот, а од друга страна ќе имам што да научам од првиот тренер на кој ќе му помагам во работата, – изјави Илиев при потпишувањето на договорот со претседателот на клубот, Сашко Даев.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни