Поврзете се со нас

Европски првенства

Иличиќ трогнат од зборовите на една англиска ѕвезда: Ми кажа дека многу ме почитува

Објавено

на

Foto:x.com/nzs_si

Јосип Иличиќ ја победи депресијата и се врати во репрезентацијата по пауза од три години, а враќањето во форма му овозможи да биде дел и од тимот кој настапува на Европското првенство.

Словенија влезе како аутсајдер во групата Ц, но оваа селекција на крајот заврши пред Србија и со вчерашното реми против Англија обезбеди пласман во нокаут рундата.

Ова дефинитивно е голем успех за Словенците, а откако не доби шанса на првите два меча, популарниот „Јојо“ вчера одигра 20-тина минути и го почувствува теренот во Германија.

– Бескрајно сум задоволен, тешко е да се објасни какви емцоции имам во себе. Ова е голема работа за нас како национален тим, но и за фановите кои тука не бодрат секеој ден, – изјавил Иличиќ за „Скај Италија“, а притоа октрил дека останал пријатно изненаден од зборовите кои ги добил од Деклан Рајс.

– Мило ми е што гледам дека е ден денеска се уште сум почитуван. Кога влегов на теренот, една англсика ѕвезда ми честиташе и ми порача дека многу ме почитува. Тоа ми значи многу, зборовите дојдоа од играчот на Арсенал, Деклан Рајс, – открил Јосип.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни