Поврзете се со нас

Свет

Иличиќ ја победи депресијата и со фантастичен гол се врати во репрезентацијата (Видео)

Објавено

на

Foto:www.instagram.com/nzs_si

Јосип Иличиќ мина низ многу тежок период во изминатите три години и во еден момент најмалку мислеше на фудбал, бидејќи сериозние проблеми со депресија направија целосно да ги запостави секојдневните професионални обврски.

За да си помогне сам на себе, Иличиќ во 2022-ра година ја заврши својата незаборавна етапа во Аталанта и се врати во Марибор, а настапувајќи за овој клуб, сега се избори за враќање во репрезентацијата.

Од тоа што може да се види, Јосип значително ја намалил килажата и сега повторно е во оптимални услови за игра, па вчера со своето движење потсети за каков фудбалски мајстор станува збор.

Словенија ја победи Ерменија со 2:1 на натпреварот  на стадионот Стожице, а победничкиот гол беше дело на Иличиќ четири минути по влегувањето во игра.

Популарниот „Јојо“ потсети на своите најдобри денови од времето во Аталанта на својот прв настап за Словенија после три години, па дефинитивно ќе биде навистина многу убава приказна да го видиме како игра на Европското првенство.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни