Поврзете се со нас

Италија

Иличиќ изведе генијално додавање, Пашалиќ реализираше хет-трик (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/Atalanta_BC

Аталанта убедливо ја победи Венеција со 4:0 и главно име на мечот беше Хрватот Марио Пашалиќ, но покрај неговиот хет-трик, за издвојување и една футсал минијатура на Јосип Иличиќ.

Искусниот Словенец изведе генијално додавање и на извонреден начин го проигра својот соиграч Пашалиќ, а овој гол за 1:0 беше најава за потопот кој го доживеа Венеција.

На отворањето на 15-та рунда во Серија А, тимот од Бергамо потврди дека ќе ја сочува четвртата позиција и по ова комплетирано коло, а со трите бода за момент се израмни и со третопласираниот Интер.

Покрај трите гола на Пашалиќ и асистенцијата на Иличиќ, своето име во записникот го впиша и Копмајнерс кој беше стрелец на погодокот за 3:0.

Во истиот термин, Фиорентина исто така беше сигурна на домашен терен и ја победи Сампдорија со 3:1.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни