Поврзете се со нас

Балкан

Иличиќ доби морбиден транспарент од навивачите на Олимпија (Фото)

Објавено

на

Foto:x.com/nkmaribor

Големото словенечко дерби меѓу Олимпија и Марибор заврши без голови, но на натпреварот кој се одигра пред два дена имало и еден транспарент кои и 48 часа подоцна предизвикува многу реакции во јавноста и на социјалните мрежи.

Натпреварот кој се одигра во Љубљана донел и морбидна порака од домашната навивачка група „Зелени змејови“, а нивна мета бил најпознатиот играч во противничкиот табор.

Јосип Иличиќ се врати да игра фудбал во родната земја откако успеа да се избори со анксиозност и депресија, па во период кога се обидува да ужива во животот, навистина нехумано е да се видат натписи како оној во Љубљана.

Навивачите на Олимпија решиле да се потсмеваат со напаѓачот на Марибор, на кого му посветиле и морбидна порака до која нацртале и јаже за бесење.

– Јојо, направи ни услуга, – гласи морбидната порака на „Зелените змејови“, која секако наиде на огромна осуда во јавноста во Словенија.

Испровоциран од натписите и довикувањата, Иличиќ заработи црвен картон пред крајот на мечот, па сега ќе отслужи и суспензија во првата фудбалска лига во Словенија.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни