Поврзете се со нас

Италија

„Ил Месаџеро“: Ромањоли влегол во конфликт со Лотито, фудбалерот тврди дека немало кавга

Објавено

на

Foto:twitter.com/OfficialSSLazio

Лацио се најде во незгодна ситуација по поразот од Удинезе, кој беше пресуден и тренерот Маурицио Сари да се повлече од функцијата.

Претседателот Клаудио Лотито решил да го испрати тимот во карантин во пресрет на новиот натпревар, а тоа донело незадоволство кај дел од играчите, предводени од искусниот Алесио Ромањоли.

„Ил Месаџеро“ тврди дека Ромањоли имал жестока кавга со Лотито по донесената одлука за карантин, порачувајќи му јасно што мисли за потегот, нешто што пак фудбалерот реши да го демантира.

Сепак, Ромањоли преку Инстаграм демантираше дека ги кажал пренесените зборови од медиумот и посочил дека имал конструктивен разговор со претседателот.

За ситуацијата колку толку да се нормализира се погрижил наследникот на Сари, Џовани Мартушело, кој се договорил со Лотито да им дозволи на играчите да заминат во своите домови по само еден ден карантин.

Лацио во сабота има незгодно гостување кај Фрозиноне, кој се бори за опстанок во Серија А.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни