Поврзете се со нас

Италија

„Ил Матино“ ја откри првата тренерска опција на Де Лаурентис: Станува збор за актуелен тренер на голем ривал

Објавено

на

Аурелио Де Лаурентис веќе промени два тренери од стартот на сезоната и им изгласа недоверба на Руди Гарсија и Валтер Мацари, па негова трета опција беше Франческо Калцона кој ќе работи до крајот на сезоната.

Словачкиот селектор ќе се обиде да спаси што е можно да се спаси, но јасно е дека тој нема да биде долгорочна опција на „Диего Армандо Марадона“ и на првиот човек на клубот.

Де Лаурентис веќе има составено нова листа од тренери кои ги посакува за својот проект, а последните вести од Неапол се навистина интересно, но и реални ако се земе во прашање статусот на Стефано Пиоли.

Угледниот „Ил Матино“ тврди дека актуелниот тренер на Милан е прва опција на Де Лаурентис и е главен фаворит за преземање на тренерската улога од стартот на нареднат сезона, особено ако се знае дека во Милано веќе не ја ценат доволно неговата работа.

Претпоставките на италијанските медиуми се дека Пиоли и Милан ќе се разделат на крајот на сезоната, а познатиот весник од Неапол информира дека тоа е добредојдено за газдата на Наполи кој верува во квалитетите на искусниот стручњак.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни