Лига на шампиони
„Ил Матино“: Елмас ќе стартува како „лажна деветка“ против Милан

Наполи има сериозен дефицит на напаѓачките позиции во пресрет на четвртфиналето од Лигата на шампионите против Милан, а тренерот Лучијано Спалети може да се одлучи за интересна солуција за денешниот дуел.
Весникот „Ил Матино“ тврди дека македонскиот репрезентативец Елиф Елмас е главен фаворит да биде стартер и тоа во улога на „лажна деветка“ во формацијата на Наполи и негова задача ќе биде да се обиде да ги искористи индивидуалните квалитети во обидот да биде надмудрена одбраната на „росонерите“.
Наполи не може да смета на најдобриот стрелец, Виктор Осимен, кој е повреден, а во слична ситуација е и Џовани Симеоне кој требаше да го замени во првиот тим.
Џакомо Распадори исто така е логична солуција за улогата на „лажна деветка“, но Спалети би требало да му даде предност на Елмас поради фактот што италијанскиот репрезентативец неодамна се врати на терените по подолга пауза и е далеку од посакуваната форма и физичка подготвеност.
Добро информираниот медиум пренесува дека Наполи тренирал со Елмас во оваа формација изминатите денови, што навестува дека Спалети има доверба дека тој избор ќе донесе резултат.
Елмас сезонава има осум настапи во Лигата на шампионите, а во двомечот со Милан ќе се обиде да стигне и до првиот гол.
Натпреварот вечерва се игра во Милано од 21 часот.
-
Англијапред 24 часа
Супер компјутер ја предвиде завршната табела во Премиер лигата (ФОТО)
-
Шпанијапред 23 часа
Чави по неочекуваниот кикс на Барселона: Очигледно е дека имаме една слаба точка
-
Италијапред 23 часа
Драма кај шампионот: Наполи шокираше и со спорно видео го исмеа Осимен, напаѓачот размислува да поднесе тужба!
-
Англијапред 21 час
Тен Хаг брутално искрен за играч на Јунајтед: Не беше на потребното ниво и го изгуби местото
-
Англијапред 23 часа
Гвардиола искрен за една ѕвезда на Сити: Не успеав да го извлечам најдоброто од него
-
АТПпред 12 часа
Алкарас за првото место на Ѓоковиќ: За тоа размислувам на секој тренинг и турнир…
-
Англијапред 21 час
Артета остана без најважниот офанзивен играч: Колку и да внимаваме…
-
Англијапред 8 часа
Њукасл го исфрли Сити од Лига Купот, нова „два во еден“ партија на Ливерпул (ВИДЕО)