Поврзете се со нас

Франција

Икарди со нов број на дресот на ПСЖ во новата сезона

Објавено

на

Мауро Икарди не може да биде задоволен од минутажата во ПСЖ во завршницата на Лигата на шампионите, па и фактот што не доби шанса во финалето, но не заборави да „профитира“ од заминувањето на Единсон Кавани.

Францускиот првак денеска објави дека Икарди во новата сезона ќе го носи дресот со број 9, кој досега беше недостапен, откако неколку сезони наназад беше резервиран за Уругваецот.

Кавани си замина од ПСЖ уште во јуни и не беше во комбинација за завршницата во Лигата на шампионите, а дресот со број 9 сега и официјално е слободен и веднаш преземен од Икарди.

ПСЖ денеска официјално информираше за промената со интересно видео објавено на социјалните мрежи.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни