Икарди се огласи за својата иднина по сензационалната изјава на Капело

ikardi-use

Фабио Капело го советуваше Флорентино Перез дека најдобро за него ќе биде ако тргне по Мауро Икарди, играч кој според него ги поседува сите потребни карактеристики за да го замени Кристијано Роналдо.

Реал Мадрид се наоѓа во катастрофална голгетерска низа и многумина сметаат дека тоа е производ на отсуството на феноменалниот португалски голгетер кој постигнуваше по 50 погодоци по сезона, па поради тоа, Капело му предложи на Перез да испрати понуда за капитенот на Интер.

Икарди полека влегува во препознатливиот ритам по скромниот старт на сезоната, а со оглед на последните шпекулации, аргентинскиот напаѓач сега се огласи во јавноста за својата иднина и потенцијалниот интерес од Реал.

– Навистина сум среќен во Интер. Имав контакт со други клубови, но решив да останам тука за доброто на моето семејство. Ова е мојот дом, не можам да си заминам. Сонував да играм во Лигата на шампионите со Интер и сега тој сон се исполни. Не знам дали продолжувањето на договорот ќе дојде пред Божик, но ќе се обидеме брзо да постигнеме договор, – вели Икарди во интервјуто за „Скај“ со кое јасно стави до знаење дека во мислите му е само Интер.

Facebook Коментари