Поврзете се со нас

Италија

Икарди сака да се врати во Италија, два големи клуба пројавуваат интерес за него

Објавено

на

Мауро Икарди од 2019 година е член на Пари Сен Жермен, клуб кој во напушти во оваа сезона или поточно замина на едногодишна позајмица во Галатасарај.

Меѓутоа Аргентинецот не планира долгорочно да игра во Турција, поточно неговата желба е да се врати во Италија каде го мина најголемиот дел од досегашната кариера. Тој веќе играше во Серија А во Сампдорија и Интер, добро го познава фудбалот на Апенините и затоа веќе два големи тима се подготвени да му дадат нова шанса-тоа се Милан и Рома.

„Росонерите“ како и „волчицата“ се во потрага по голгетер, а Мауро е играч кој кога е во форма, ритам може да понуди многу погодоци.

Во дресот на Галатасарај на 15 натпревари има дадено 9 голови.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни